Фестивал на органска храна

Под мотото „Вкусот на минатото сегашноста и иднината”, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска организира Фестивал на органска храна.
Целта е помасовно да се промовира важноста на органското земјоделско производство за економскиот развој, заштитата на животната средина и здравјето на луѓето или, како што порачува ФЗНХ, палетата на органска храна да биде платформа преку која ќе се соединат производителите, преработувачите, науката, потрошувачите и медиумите за перспективна, одржлива иднина за органска Македонија.
Фестивалот најавува учество на преку 20 компании и производители на органски производи, а посебен акцент ќе биден ставен на младата популација која ќе има можност преку едукативно-креативен пристап да добие повеќе информации за здравиот начин на живеење.
ФЗНХ го најавува и проектот „Skopje Organic Life“ кој ќе се одржува двапати годишно како пролетна и есенска манифестација со концепт кој претставува нова форма на Еко фестивал. Идејата е да се разбуди свеста на секој поединец за здраво и одржливо живеење.
Фестивалот на органска храна е под покровителство на Град Скопје, а ќе го отвори директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Ново на Сител
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
