-->
-->
Фернандеш ги засили шпекулациите за трансфер во Јунајтед
-->
Бруно Фернандеш самиот ги засили шпекулациите дека веќе го одиграл својот последен натпревар за Спортинг (Лисабон).
Синоќа, Португалецот излезе со капитенската лента во контролната против Валенсија, која „лилјаците“ ја освоија со 2:1. Фернандеш, кој наводно се приближува до трансфер во Манчестер Јунајтед, не успеа да ги задржи своите емоции и заплака.
Медиумите на Островот велат дека двата клуба веќе се согласиле со условите на трансферот. Според „Дејли мејл“, „црвените ѓаволи“ ќе платат 56 милиони фунти за играчот од средниот ред, додека „Мирор“ тврди дека сумата е 63 милиони.
По натпреварот, тренерот на Спортинг, Марсел Кајзер одби да потврди дека трансферот веќе е решен и изрази надеж дека Бруно Фернандеш ќе остане во тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полицијата апсеше на домашни забави во Скопје
-
Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов
-
СК: Прва победа во кариерата за Фос Солеваг
-
Повеќе од 95 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19
-
Пешевска: Одговорност и оставка од виновните за случајот со извадени органи на родилката од Дебар
-
Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ на 27 април загуби од 70 до 100 илјади гласови
-
Рама: Ништо не порекнувам од тоа што го кажав за ЕУ и за вакцините
-
Епидемиологот Фонтане се надева на „враќање во нормалниот живот“ кон крајот на 2021 година