-->
-->
Феникс со максимални четири победи во Европската младинска лига
-->

Кошаркарскиот клуб КК Феникс 2010 од Скопје, со перфектен настап го заокружи првиот турнир во Европската младинска лига (ЕYBL).
Трикратниот шампион на Македонија забележа четири победи во исто толу одиграни натпревари во Лоѓ, Чешка каде каде се игра натпреварите од првиот турнир во EYBL.
Во рамките од А групата младите „феникси“ на доминантен начин ги одиграа сите четири средби, кои во просек ги добија со речиси 20 поени разлика (Феникс 2010 – Лидо ди Рома 81:62, Феникс 2010 – Шедеак, Сегед 88:66, Феникс 2010 – Хонвед, Будимпешта 79:62 и Феникс 2010 – Гортад Академија, Лоџ 89:68).
„Одигравме на посакуваното ниво, иако мислам дека можеме и многу подобро. Шанса добија сите играчи и мислам дека ја оправдаа довербата која им ја укажав. Но, резултатот не треба да не залажува. Напротив. Сега треба добро да одиграме во домашното првенство, а преку тие натпревари да ја одржуваме и поддигнеме формата за вториот турнир каде треба да го завериме учеството во плејофот “, изјави тренерот Денис Дервишевиќ.
Вториот турнир ќе се игра во Сегед, Унгарија од 27 до 29 јануари 2017 година, каде Феникс за противици ќе ги има екипите на Интер, Братислава (Словачка), Гортад Академија, Краковја (Полска), Маџари Тајгерс, Будимпешта (Унгарија) и ТТУ Баскет, Талин (Естонија), по кој двете првопласирани екипи ќе се пласираат во плејофот.
Потсетување, дека со ист резултат четири од четири, сезоната во Европската младинска лига ја започнаа најмладите кошаркари на Феникс 2010 (генерацијата 2003 година), а веќе во октомври истиот предизвик ќе го има и генерацијата на кошаркари родени 2001 година, кои ќе настапат на првиот турнир во Будимпешта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
-

Путин: Постои можност за мировен договор за завршување на војната во Украина
-

Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
