-->
-->
Фенербахче со Антиќ гостин на прославата на КК Работнички
-->
Кошаркарскиот клуб Работнички го најави спектаклот кој ќе се случи на 30-ти септември и кој ќе биде дел од 70-от роденден на клубот. Гостин на Работнички ќе биде шампионот на Турција и вицепрвакот на Европа, Фенербахче. ќе биде вистински празник за љубителите на спортот, особено кошарката.
“Посебна благодарност до нашиот Перо Антиќ, без чија помош немаше да успееме да го донесеме Фенербахче на големиот јубилеј на нашиот Работнички", рече на прес конференцијата градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Тимот од Турција, предводен од најтрофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, во најсилен состав ќе дојде во Скопје. Македонската публика ќе може да ужива во играта на Богдан Богдановиќ и Никола Калиниќ, кои се закитија со сребрен медал на Олимпијадата во Рио, поранешниот НБА играч Екое Удо, Јан Весели, Луиџи Датоме, Костас Слукас и останатите ѕвезди на Фенербахче.
„Резултатот на натпреварот ќе биде во втор план. Ова ќе биде празник на кошарката. Голем настан е доаѓањето на Фенербахче" во Скопје“, рече првиот тренер, Марин Докузовски.
Ристо Гапиќ, претседателот на УО на Работнички, посочи дека освен играчите, тренерите и целото раководство на Фенербахче, во Скопје ќе дојдат и фан-клубовите на тимот, кои ќе бидат дел од прославата.
Одговарајќи на новинарски прашања, градоначалникот на општина Центар, која е сопственик на Работнички, најави дека во месец октомври ќе се распише меѓународен конкурс за нова сала на во Градскиот Парк.
Главен услов за силна екипа, рече Жерновски, е стабилен буџет. Она што успеавме да го направиме е враќање на долговите. Работнички од оваа година ќе има стабилен буџет, а полека стегите попуштаат и се јавуваат заинтересирани спонзори. Она што Работнички постојано го потенцира е во тимот да има македонски играчи и како што рече Жерновски, Работнички ќе има екипа која ќе атакува годинава на титула.
Натпреварот помеѓу Работнички и Фенербахче че се одигра на 30.септември во ВИП арената „Борис Трајковски“, а билетите по цена од 200 денари в сабота ќе бидат пуштени во продажба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Мечка со две мали мечиња се фатени на камера на пат во Маврово
-
Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано
-
Судир помеѓу Автомобил и мопед во Скопје, едно лице со тешки повреди
-
Голема полициска акција на подрачјето на Скопје за сузбивање на улично дилерство на дрога
-
ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден хирургија не функционира
-
Таксист добил срцев удар додека превезувал патник откако му се слошило удрил во дрво
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан