-->
-->
Фелер: Невакцинирани фудбалери не смеат на терен?!
-->
Германската фудбалска легенда, Руди Фелер ги осуди невакцинираните фудбалери и смета дека тие мора да ги сносат последиците, по случајот во Баерн Минхен со Џошуа Кимих и уште неколку фудбалери.Фелер, кој беше дел од германскиот тим кој ја освои титулата во 1990, а во 2002 година стигна до финалето како селектор, во моментов е спортски директор на Баер Леверкузен, но имаше коментар за случките во ривалите од Баерн.
Кимих мораше да пропушти два меча поради тоа што беше во изолација поради контакт со заразени со КОВИД-19 додека одбива да се вакцинира, по што се тврди дека ќе ја загуби платата за времето во изолација. Шефовите на Баерн се заканија и на невакцинираните Серж Гнабри, Џамал Мусијала, Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Мишел Кузанс дека и нив ги следува иста казна. Фелер смета дека овие фудбалери се непристојни.
„И кај нас имавме проблем бидејќи сите не беа ентузијасти за вакцинирањето и не беше лесно да се убедат. И ние имавме двајца, тројца, кои сметаа поинаку едно време, но сега сите во тимот имаат две дози вакцина. Ако не постои медицинска причина, тогаш мора да се вакцинираат. Кога не го прават тоа, тогаш се непристојни и морат да ги сносат последиците, не само за фудбалот, туку и во обичниот живот“, изјави Фелер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати
-

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
-

Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
-

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина
-

Трамп го предупредува Иран за можен напад
-

Зеленски: Не можеме само да се повлечеме од нашите територии
-

Претпладне сончево, а попладне облачно
