Фекалии од Јадранско море регистрирани на снимки од вселената
Фекалиите во хрватскиот дел од Јадранот се видливи од вселената, пренесуваат хрватски медиуми.
Загадувањето на Јадранот има такви размери што фекалии близу Водњан, во Истра, се регистрирани дури и на снимки од вселената.
Експертите се согласуваат дека местата што се гледаат на сателитските слики на „Гугл мапс“ во областа недалеку од канализацијата кај Водњан, најверојатно, потекнуваат од фекалии. Тие се видени на подрачјето околу Перој во Истра, на околу четири километри западно од Фажан, а нешто помалку северно од Бриони.
Проблемот е алармантен, бидејќи фекалии се шират кон Националниот парк Бриони.
Според Индекс, локалните власти се жалат на стариот систем за третман на отпадни води и најавуваат изградба на нов систем. Но, професионалните нуркачи посочуваат дека градежниот проблем би можел да биде што инсталирањето на еден метар цевка на длабочина од 50 метри чини околу 1.000 евра.
Загадувањето со фекалии не е случајност, туку масовен феномен, велат еколозите и предупредуваат за сличен проблем со испуштање канализација во Паг.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација