Фејсбук укина повеќе десетици илјади апликации
Kомпанијата Фејсбук соопшти дека суспендирала „десетици илјади“ апликации кои ги направиле 400 програмери, во рамките на истрагата со скандалот за проследување лични податоци на корисници на оваа мрежа на консултантската компанија „Кембриџ аналитика“.
Соопштението е објавено истиот ден кога правните документи во Масачусетс открија дека Фејсбук укинал 69.000 апликации.
Во повеќето случаи, сепак, укинувањето не следувало после сериозни истраги, туку затоа што програмерите на апликациите не успеале да одговорат на барањата за бараните информации.
Од март 2018 година, Фејсбук почна да се занимава со апликации кои имаат пристап до податоци на корисниците, откако беше откриено дека компанијата Кембриџ Аналитика на тој начин користела приватни податоци на милиони корисници во обид да влијае врз изборите во САД.
По избувнувањето на скандалот, Фејсбук беше изложен на посебно внимание на американската и европските влади, а извршниот директор Марк Закерберг сведочеше пред Конгресот.
Фејсбук објави дека истрагата е во тек и оти до сега се прегледани милиони апликации.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава