Фејсбук со заработка од 1,56 милијарди долари во последното тримесечие од 2015
Американската компанија „Фејсбук“ регистрираше заработка од 1,56 милијарди долари во последното тримесечие од 2015 година.
Тоа е двојно повеќе од заработувачката на компанијата сопственик на најголемата социјална мрежа во светот за истиот период минатата година, кога изнесуваше 700 милиони долари.
Вкупните приходи за последното тримесечие од 2015. се 5,84 милијарди долари, што е зголемување за две милијарди долари на годишна база.
Во декември 2015 година социјалната мрежа дневно била користена во просек од 1,04 милијарди корисници или за 17 отсто повеќе од бројот на корисниците во декември 2014 година.
Повеќе од девет од секои десет корисници на Фејсбук се вклучувале преку смартфони и таблети, а голем дел од приходите изминатото тримесечие на минатата година биле од реклами во мобилната телефонија. ац/зш/07:51
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица
-
Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка
-
Без вода дел од Батинци
-
Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
-
Алба изненаден од изоставањето на Меси од номинацијата за „Златната топка“