Фејсбук ќе ги обележува лажните информации и спиновите
Фејсбук најави дека во блиска иднина ќе почне да ги маркира лажните вести, кои се споделуваат на социјалните мрежи.
Вестите за кои има сомнеж или индиции дека се лажни, а имаат за цел ширење дезинформации, ќе бидат обележани со посебно знаменце, стои во објавата на компанијата.
Имено, ако под насловот забележите ознака „оспорена вест“, ќе можете преку еден клик да дознаете и зошто веста е оспорена. Фејсбук нема да врши проверка на вестите, туку за тоа ќе биде задолжена меѓународната новинска организација „Поинтер“.
- Ќе ги користиме известувањата на нашата заедница и заедно со другите показатели, ќе ги препраќаме до оваа организација. Ако се утврди дека информацијата е лажна, таа ќе биде означена како „оспорена“ и ќе биде придружена со линк до објаснувањето, се наведува во соопштението.
Тоа значи дека корисниците и натаму ќе ја имаат слободата и правото на Фејсбук да објавуваат непроверени информации, но тие сега ќе бидат обележани.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија