ФЕИТ со решение за е-здравство за постарите и заболените од ХОББ

Комплетно решение за е-здравство наменето за болни постари лица, лица заболени од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и лица со благи когнитивни нарушувања, презентираше македонскиот тим WIN group од Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Преку проектот „eWALL For Active Long Living” (Ewall), финансиран од Европската комисија преку FP7 рамковната програма, е создадено решението кое се базира на сензорска платформа преку која се следат виталните функции на пациентот и амбиенталните параметри во неговиот дом. Во проектот како македонски партнер беше вклучена истражувачката група WINGroup од Факултет за електротехника и информациски технологии при УКИМ под раководство на професор д-р Лилјана Гавриловска.
- Богатиот графички интерфејс овозможува интеракција со системот и ја прикажува анализата на релевантните податоци на најсоодветен начин за пациентот и за неговиот лекар или негувател. Системот овозможува персонализирано следење на состојбата на пациентот и на неговите потреби, беше речено на презентацијата „Примена на ICT во здравство: Аспекти и интелигентни решенија за подобрен живот”.
На презентацијата за примена на информациско комуникациските технологии во здравството присуствуваа претставници на локални клинички центри, телекомуникациски компании, компании од ИКТ секторот и на академската средина. Беше презентиран и генеричкиот концепт и функционалност на Ewall. Членовите на WINGroup изведоа практична демонстрација на решението за увид во функционалностите и потенцијалните можности на Еwall.
Ново на Сител
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
