-->
-->
ФЕИТ домаќин на балканскиот натпревар по LabVIEW
-->

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје (ФЕИТ) е домаќин на седмиот балкански натпревар по LabVIEW - графички програмски јазик за студентите од областа на техничките науки. Натпреварот почна вчера, а денеска ќе бидат познати победниците.
Како што соопштија од ФЕИТ, на натпреварот учествуваат 23 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Натпреварувачите се избрани како најуспешни студенти од LabVIEW академиите на земјите учеснички. Покрајнатпреварувачите, секој тим е придружен со двајца професори (ментори) кои учествуваат во координативните активности за реализација на натпреварот и дефинирање на проектната задача.
Во досегашното петгодишно учество, ФЕИТ освои две втори, трето и четврто место во поединечна конкуренција, како и две први места во екипна конкуренција.
LabVIEW (Laboratory Virtual Instrumentation Electronics Workbench) претставува графички програмски јазик, пред се наменет за инженери. Оваа програмска платформа е широко прифатена во сите универзитети во светот и се користи за научно-истражувачки и за индустриски апликативни цели.
Универзитетите кои сакаат да го имплементираат LabVIEW во своите наставни содржини мора да поминат низ фаза на сертифицирање на наставниот кадар и формирање на LabVIEW академија. Ваква академија на ФЕИТ е формирана пред пет години.
Натпреварот се одржува под покровителство на National Instruments.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
