Федерер спие на пари, а неговите деца продаваат лимонада на улица
Роџер Федерер во својата кариера само од турнирите заработил преку 100 милиони евра и е еден од најбогатите спортисти во светот, но вели дека сака да ги научи своите деца дека не се доаѓа едноставно до пари.
Тој открил дека неговите осумгодишни ќерки продаваат лимонада пред својата куќа и заработуваат џепарлак.
„Да, да, тоа им е забавно, а исто така убаво е да знаат дека парите не паѓаат од небо. Пред некој ден заработиле дури седумдесет долари!“, рекол Федерер смеејќи се.
„Преку ден се забауваат на базен, кој е во склоп на изнајмената куќа, гледајќи ги моите мечеви, а навечер заработуваат“, раскажува Швајцарецот. Роџер и Мирка имаат четири деца. Ќерките Мила и Марлен имаат по осум години, а синовите Лео и Лени по четири.
Инаку, светскиот број еден е познат и по својата хуманитарна работа која се занимава со образовна програма во Африка. Неговата фондација донирала преку 12 милиони долари во образовниот систем на тој континент.
Ново на Сител
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот