-->
-->
Федерер: Подобро да загубиш отколку да не играш
-->
Швајцарскиот ас Роже Федерер и покрај поразот на завршниот Мастерс во Лондон ја оцени сезоната како извонредна за него бидејќи е третопласиран на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Федерер доживеа убави моменти и во Лондон каде беше фаворит на тениските фанови а имаше и успеси на турнирите во 2015 година.
Федерер го играше 10-тото финале во Лондон каде и натаму е рекордер со 10 трофеи. Во финалето загуби од Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3.
„Никогаш не е забавно да стоите на страната на поразениот во финалето. Но подобро е да се игра отколку да се откажете како лани кога имав проблеми со грбот. Имав фантастична недела но и сезона. Му честитам на Ѓоковиќ на извонредните игри и успеси оваа година. Се ова што го постигнав е благодарение на мојот тим“-изјави Федерер кој најави дека ќе игра и следната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
