Тенис
23. August 2015 - 9:49

Федерер подобар од Мареј

Кошаркарската репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од Шпанија во контролнен меч кој се одигра во Мадрид. Шпанците кои се во групата на фаворити за освојување на медал на престојниот Евробаскет славеа со 94:63 (28:12, 24:14, 17:22, 25:15).
 
Македонските кошаркари против Шпанија го запишаа третиот последовен пораз во подготвителниот пораз, претходно на турнирот во Литванија загубија од домаќинот и селекцијата на Турција. Инаку Македонија подготовките ги започна со серија од четири победи.
 
Мечот во Мадрид ја покажа разликата во која владее во квалитеттот помеѓу двете репрезентации. Мала неизвесност имаше само во почетните четири минути кога со поенитена браќата Стојановски и тројката на Трајковски Македонија поведе со 7:2. Шпанија потоа возврати со една страшна серија во наредните пет минути од 24:0 со која и го реши победникот на овој меч.
 
Серијата на Шпанците во првото полувреме, во последната минута ја прекинаа Хендрикс и Илиевски.
 
Во вториот период, Шпанците продолжија да го полнат кошот на Македонија од сите позиции и на одмор заминаа со двојно повеќе постигнати поени од противникот 52:26.
 
Еден добар период во играта Македонија имаше во првите шест минути од третата четвртина, кога избраниците на селекторот Србиновски постигнаа 16, а примија шест поени. Во таа серија Симоновски постигна две тројки во два напади.
 
Македонија успеа да намали на 58:42, но во финишот на четвртината Руди Фернандез и Миротиќ и обезбедија на Шпанија серија од 8:2 и водство по 30 минути од 69:48.
 
Последната четвртина донесе рамноправна игра, шпанскиот селектор на клупа ги стави главните ѕвезди, што и помогна на Македонија да ја одржува негативата од 18 до 20 поени.
 
Сепак лошиот финиш на ‘црвено-жолтите’ Шпанците го искористија за да направат серија од 12:0 и во последните секунди да стигнат и до максималната предност од 31 поен, што и беше конечниот резултат 94:63.
 
Хендрикс со 14 поени и девет скокови беше најефикасен кај Македонија, а покрај него двоцифрен број на поени постигна и Трајковски, вкупно 11. Војдан Стојановски и Самарџиски уфрлија по осум, а Симоновски и Дамјан Стојановски по седум поени.
 
Шпанија ја предводеше Руди Фернандез со 14 поени, 12 постигна Хернангомез, а 10 Фелипе Рејес.
 
Македонија против Шпанија ќе одигра уште еден натпревар, а тој на програмата ќе биде на 25.август.