Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука
Федерален судија во САД го блокираше стапувањето во сила на реципрочните царини воведени на 2 април од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, објавени на таканаречениот „Ден на ослободувањето“.
Судот донесе одлука дека претседателот ги пречекорил своите овластувања со воведување царини за увоз од земји кои извезуваат повеќе стоки во САД отколку што увезуваат.
Сепак, судската одлука не влијае на царините од 25 проценти што Трамп ги воведе за увоз на автомобили, челик и алуминиум.
Судот за меѓународна трговија со седиште во Менхетен во својата одлука наведе дека Уставот на САД му дава исклучителни овластувања на Конгресот да ја регулира трговијата со други земји, кои не можат да бидат одземени во рамките на вонредните овластувања на претседателот да ја заштити американската економија.
Владата на Трамп денеска поднесе жалба против блокирањето на таканаречените „реципрочни“ царини.
– Со ова се известува дека обвинетите поднесуваат жалба до Апелациониот суд на САД, се вели во судскиот документ.
Ново на Сител
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница