Фазлиу ја презеде функцијата министер за локална самоуправа
Новиот министер за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска ја презеде функцијата од својата претходничка, досегашната министерка Ширет Елези.
На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Елези на министерот Фазлиу му посакала многу успех во извршувањето на функцијата.
Министерот Фазлиу најавил дека Министерството за локална самоуправа во наредниот период со изразена динамика ќе работи на имплементирање на владините политики во оваа сфера, пред се на рамномерниот развој на општините и на регионите, затоа што, истакнал, приоритет на оваа Влада е интегрирано општество и квалитетен живот за сите граѓани без поделби по ниту една основа.
- Министерот Фазлиу нагласи дека ќе работи на развојот на локалната демократија, како главен предуслов за вклучување на сите граѓани во креирањето на одлуките на локално ниво и градење на чувство на еднаквост и заеднички пристап во решавање на сите значајни прашања, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел