Фатени сторителите на кражба и насилство во домот на штипското семејство Стојчеви
Полицијата ја расветли тешката кражба и насилството, кое беше извршено во семејната куќа на Стојчеви во реонот на улиците „Радански пат“ и „Панче Караѓозов“.
Како што објави МИА минатата недела, при кражба на дрва од дворот, од страна на непознати сторители со секири беа нападните Марајан Стојчев и неговиот 26-годишен син.
– Извршители на овие кривични дела се Ш.М.(41), А.М.(26) од Штип и едно малолетно лице и против нив по целосно комплетирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава, изјави Гордана Панајотова портпарол на СВР-Штип.
Жителите од овие две улици реагираа дека во изминатите десет години биле мета на постојани кражби од страна на дрски крадци во нивните домови и двори, а на безбедноста реагираа и ромските здруженија во Штип, кои побараа од страна на надлежните да се зголеми безбедноста во овој реон, бидејќи штета и страв трпат и мирните ромски семејства.
Надлежните од полицијата информираат дека во овој реон зголемено е присуството на маалските полицајци, а СВР-Штип откри и осум члена криминална банда, којашто токму во овој реон од градот извршила кражби.
– СВР Штип расветли пет кривични дела извршени во периодот од 15 до 19 јануари на подрачјето на ПС Штип од кои три „тешка кражба на дрзок начин“, „разбојничка кражба“ и „тешка кражба“, за кои осомничени сторители се Б.Ј.(21), О.М.(31), А.М.(22), С.Д.(27), Е.М.(26) и тројца 16 годишни лица. Осомничените на особено дрзок начин од оштетените граѓани одзеле, мобилни телефони, ташна и паричник стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 50.000 денари. Од страна на полициски службеници украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани, рече Панајотова.
Истакна дека се работи на комплетирање на кривично правните настани и по целосно документирање ќе бидат поднесени кривични пријави против сторителите.
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево

