Фатени рибокрадци со 89 килограми риба и недозволена опрема за риболов

Полицијата синоќа, при контрола на возило лада нива на патот Штип-Радовиш, кај фабриката „Актива“ кое било без регистерски таблички открила 89 килограми риба и недозволена опрема за риболов.
-Во 22 часот полициски службеници од Полициска станица Штип ги привеле 42 – годишниот Ф.И., 36 години С.Е. од село Селце и Р.А. од село Пенуш, штипско, затоа што во 20.25 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на „Актива“, при контрола на патничко моторно возило без регистарски таблици, во кое се превезувале, не поседувале документи за идентификација и документи за возилото, а при прегледот во возилото била пронајдена поголема количина риба, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Претседателот на Здружението на спортски риболовци „Брегалница 2011“, Никола Мицевски вели дека при увидот пронајдени се 89 килограми риба бојник, два комбинизони и еден сак, кое е недозволено средство за ловење на риби.
-Едното од лицата кои беа спроведено во Полциската станица кажало дека рибата ја ловел во сак во штипското село Црешка на река Брегалница, каде што концесионер е Здружение на спортски риболовци „Брегалница 2011“, вели Мицевски.
Здружението „Брегалница 2011“ рибата и недозволената опрема ги предаде на Државниот инспекторат за земјоделство, а против рибокрадците ќе поднесат кривична пријава за криволов и барање до судот за оштета согласно ценовникот за риболов.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
