-->
-->
Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани
-->
Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани, затекнале лица што спалувале кабли.
Како што информираат од Град Скопје, веднаш биле повикани полициски службеници кои на затекнатите лица им земале податоци и против нив ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште, пак, било веднаш изгасено.
Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани, најавуваат од Град Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен