-->
-->
Фатени на дело: Две момчиња фалсификувале карти за Грин Бич Фестивалот во Охрид
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/august/kwbdxqe1po-okolu-8-to-izdanie-na-green-beach-fest-i-nivnata-odluka-da-si-zaminat-od-ohrid-zasekogas-135841.jpeg?itok=A7OG0vXR)
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М. (25) и против А.Ч.(28) за сторено кривично дело “фалсификување исправа”.
Пријавените откако од непознато лице набавиле фалсификувани влезни карти за Фестивалот Грин Бич кој требало да се одржи на Парк плажа во Охрид на 28/29.07.2017 година, на 28.07.2017 година продале четири билети, на лице од с.Миравци-гевгелиско.
Истиот ден во период по 22,20 часот, од организаторот на фестивалот при обид за влез на посетители, со службените читачи на бар кодови и холограми било констатирано дека 20 влезни карти се фалсификат, а при претрес во просторијата во Извиднички Центар – Охрид каде пријавените биле сместени и привремено престојувале на 28/29.07.2017 година, пронајдена била и со потврда привремено одземена уште една фалсификувана-лажна влезна карта за истиот фестивал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица