Македонија
20. јуни 2018 - 15:02

Фатени на дело: Двајца дрвокрадци сечеле дрва во тетовско

Вчера во 12.30 часот на местото викано ,,Рудина“, атар на село Волковија, тетовско, сопственост на Република Македонија, полициски службеници ги затекнале лицата В.Р. (58) и А.М. (49), двајцата од село Милетино, како вршат сечење на борови дрва кои претходно биле изгорени.

Исто така, на местото биле пронајдени и 26 исечени стебла.

Тие изјавиле дека биле  ангажирани од приватна фирма.

Подоцна, на местото на настанот пристигнала и екипа од Јавото претпријатие „Македонски шуми“, по што бил извршен увид. В.Р. и А.М. се лишени од слобода за понатамошна постапка.