Фатени лицата кои запалија ќебапчилница во Старата скопска чаршија
Фатени лицата кои запалија ќебапчилница во Старата скопска чаршија во Скопје.
- По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавените на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје предизвикале пожар во угостителски објект. На 06.09.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, додека за Б.А. се преземаат мерки за пронаоѓање, соопшти МВР.
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско и малолетник од с,Моране, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност" во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност", информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе