Фатен по три тешки кражби во Скопје: Ограбил и сопружници додека спиеле и украл телевизор од Заводот за рехабилитација
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против О.Р. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот, првото дело го извршил на 05.03.2018 година во периодот од 13.45 до 19.30 часот во куќа на ул.„50-Дивизија“ во Скопје. Со употреба на сила и погоден алат влегол внатре и одзел телевизор, паричник со пари и други предмети, по што побегнал во непознат правец.
Втората кражба ја извршил во периодот од 18.00 часот на 08.03.2018 до 07.20 часот на 09.03.2018 година во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас. Со употреба на сила влегол внатре и одзел телевизор, по што побегнал во непознат правец.
Третото кривично дело го извршил во куќа на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во Скопје помеѓу 21 и 22.03.2018 година. Додека оштетените спиеле во куќата, О.Р. со употреба на сила влегол внатре и одзел два лап топ компјутери, еден таблет, еден мобилен телефон и еден ранец, по што побегнал во непознат правец.
Со извршените дела пријавениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од околу 125.000 денари.
На 15.овој месец пријавениот бил пронајден и приведен во просториите на Полициската станица Бит Пазар.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО