Фатен еден од тројцата разбојници што ја ограбија Халк Банка
Полицијата успеала да го фати едниот од тројцата маскирани разбојници кои на 3 ноември годинава ја ограбија Халк Банка во Бутел во утринските часови.
Како што соопшти денеска МВР, се работи за 29-годишниот Е.М. од Скопје, кој е предаден на Основното јавно обвинителство во Скопје со кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.
Освен Е.М. полицијата товари уште две лица. Според сознанија од истрагата, тројцата осомничени околу 9:25 часот на 3 ноември на ул.“Александар Урдаревски“ во Бутел во експозитура на Халк Банка извршиле разбојништво врз четири вработени во банката и врз еден од клиент, при што одзеле околу 1.200.000 денари, или 19.512 евра. Од банката биле одземени 1.150.000 денари, додека 50.000 денари одзеле од клиент кој во тоа време се затекнал на местото.
Според информации од полицијата вооружениот грабеж се случил среде бел ден кога тројцата осомничени ставиле фантомки на главите откако и се приближиле на банката. Потоа влегле внатре, а Е.М. и неговиот сочуесник извадиле пиштоли и ги впериле кон вработените заканувајќи им се со животот.
По ова, велат од МВР, припадници на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Чаир презеле сеопфатени оперативни мерки и активности, при што Е.М. е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Гази Баба.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани