-->
-->
Фатен еден од групата рибократци на вливот на Црна Река во Вардар
-->

Рибочуварската служба на ЗСР „Бабуна“ од Велес во координирана акција на СВР Велес со полициската екипа од Градско вчера фатија еден од членовите на групата рибократци од Кавадарци и Кавадаречко кои ноќта ловеле риба со мрежа на вливот на Црна Река во Вардар.
Како што денеска за медиумите информира Ѕвонко Мечалов, претседател на ЗСР „Бабуна“ од Велес тие во акцијата, во возило пронашле и 20 мрежи долги по 50 метри или во вкупна должина од еден колометар. Мрежите биле многу влажни, па како што претпоставува Мечалов, рибократците во текот на ноќта ги поставувале и ваделе мрежите два -три пати.
- Истрагата треба да покаже колку риба, рибократците успеале да уловат со запленетите мрежи. ЗСР „Бабуна“ против групата рибократци поднесе пријава до Инспекторатот за рибарство кој ќе ја тера постапката, потенцира Мечалов.
Инаку, ЗСР „Бабуна“ е концесонер во делот на реката Вардар, од вливот на Пчиња до вливот на Црна Река.
- Нашите рибочуварски служби се постојано на терен, а целта ни е да го зачуваме богатиот рибен фонд во овие реки од бројните рибократци кои нелегално со мрежи и други недозволени средства ловат и така го уништуваат рибниот фонд, нагласи Мечалов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
