Македонија
26. May 2018 - 12:38

Фатен дрвокрадец во Прилеп, повредени двајца полицајци

Вчера во 19 часот на патот Прилеп-Битола полициски службеници забележале патничко возило „Опел Омега“ со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво. Тие се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил  двајца полициски службеници.

Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола, при што било констатирано дека го управувал 30-гдишниот Б.Ј. од Прилеп. Тој бил приведен во Полициската станица Прилеп, а повредените полициски службеници  биле пренесени во Општа болница Прилеп.

Увид на местото  извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. Од страна на Јавен обвинител на Б.Ј. му била изречена мерка притвор.