Фајон: Македонија е сјајниот пример во регионот како да се заштити демократијата

Северна Македонија е сјајниот пример во регионот како да се заштити демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и како да се направи историска промена, порача словенечката европарламентарка од социјал-демократската група, Тања Фајон, по отворањето на меѓународната конференција „Еден Балкан кон ЕУ“.
– Во октомври беше направена историска грешка и државата и граѓаните сега заслужуваат да почнат пристапни преговори со ЕУ. Владата на Зоран Заев во последните две години направи огромен напредок за земјата, како во однос на социјалните и економски прашања, така и на патот кон ЕУ, изјави Фајон.
Потребни се, подвлече Фајон, вакви прогресивни сили за да ја одбраниме демократијата и владеењето на правото и во нашите држави.
– Гледаме многу знаци на заробени држави и медиуми во нашиот регион и мора да ги одбраниме. Затоа е многу важно Северна Македонија и Албанија ги отворат заслужените преговори, изјави Фајон.
Ново на Сител
-

Највисоката плата лани: 190.000 евра бруто месечно
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
