„Фајненшл Тајмс“: Ветото на Макрон е поврзано со фундаменталниот проблем на ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон направи „историска грешка“ со ставањето вето на започнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, но ова противење на Париз во никој случај не е поврзано со конкретната проценка за состојбите во двете земји кандидатки, туку со фундаменталниот политички проблем што Европа не успеа да го реши од 2004 година: зајакнување на нејзините механизми за политичка интеграција, оценува „Фајненшл Тајмс“.
– Ставот на Франција е совршено јасен: се додека Европа не ги зајакне механизмите за политичка интеграција, неопходни за напредокот на европската интеграција, не треба да има ново проширување, смета лондонскиот весник.
Според „Фајненшл Тајмс“, Франција би можела да го укине ветото за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство.
Ако биде прифатено ваквото барање на Франција, според весникот, повеќе не би имало причина да се одлага процесот на проширување на ЕУ.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб