Македонија
12. February 2016 - 16:44

Фабриката за вода во Велес доби нова софистицирана опрема за автоматско хлорирање

Во фабриката за вода на ЈКП „Дервен“ во Велес денеска почна да функционира новата софистицирана опрема за автоматско хлорирање на водата. Новата опрема во употреба ја пуштија директорот на ЈКП „Дервен“ Фиданчо Цековски и градоначалникот Славчо Чадиев.
 
За оваа намена, информираше директорот Фиданчо Цековски  ЈКП „Дервен“ од сопствени средства има издвоено 60 илјади евра.
 
- Новата опрема за автоматско хлорирање на водата во градскиот водовод на Велес и околните населени места  е согласност и ги следи најновите светски стандарди за безбедност на водата за пиење, потенцира Цековски.
 
Инаку, фабриката за вода за разлика од порано, во последниве десетина години, а  со изградбата на ХС „Лисиче“ се снабдува со квалитетна и здрава вода за пиење која потоа се преработува и хлорира и безбедно испраќа во домовите не велешани и жителите на околните населени места.