Фабриката БИП престанува со работа – постојниот модел е е неодржлив

„М6 Еден Срб“ одлучи да се прекине договорот за БИП со Агенцијата за стечај. Со тоа, БИП престанува да работи, соопштија од компанијата.
„Верувавме во можностите за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме во обнова пред две години. Се обидовме да направике нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која повеќе од 180 години претставува симбол на Белград. За жал, и покрај големите месечни вложувања, посветеноста и ентузијазмот, не успеавме, бидејќи со овој модел нема можност за успех. Ова не значи дека ќе се повлечеме, затоа што на Белград му треба пиво. Ќе продолжиме во поинаква насока, со друг концепт. Можно е да се почне со вложувања во иднина со нови проекти во Србија. Се заблагодаруваме на сите субјекти, потврдувајќи дека се завршуваат сите обврски кон вработените и сите доверители“, изјавуваат од „М6 Еден Срб“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
