Ракомет
12. May 2018 - 11:38

Ф4 - ЛШ (жени): Дибирова: Мора да ги поправиме лошите минути во нашата игра

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар, го очекува голема борба за нов пласман во финалето. Рускиот состав на Ростов Дон иако дебитант на завршниот турнир, е екипа со многу искусни ракометарки: Маиса Песоа и Сираба Дембеле (екс ракометарки на Вардар), Катарина Булатовиќ (од активните ракометарки со 4 титули европски првак), Ана Виахриева (МВП на ОИ во Рио), Јулија Манагарова (најдобро десно крило сезонава).
За ривалот тренерот Ирина Дибирова, напомена:
- Направена е потребната анализа за играта на противникот, ние сме подготвени и сите се здрави, иако имаме и ситни повреди. За мене Вардар е подобар на секоја позиција, ние сме подобри како екипа, но имаме моменти кога играме лошо и тоа треба да го поправиме.