Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“
Новата патека во Мадрид чија изградба е во тек за натпреварувањата во Формула 1 ќе го носи името „Мадринг“, објавија денеска организаторите на трката.
Мадрид следната година прв пат треба да биде домаќин на Големата награда на Шпанија и да остане дел од календарот најмалку до 2035 година.
Должината на „Мадринг“ изнесува 5,4 километри, а патеката се наоѓа на периферијата на шпанската престолнина во близина на градскиот аеродром „Барахас“.
Во нејзината изградба, која сè уште е во тек, се користени делници од постоечките патишта, но има и многу новоизградени делници. Патеката ќе има вкупно 22 свиоци.
Трката во Мадрид ќе ја замени Големата награда на Барселона, која е дел од календарот на Формула 1 од 1991 година.
Шпанската престолнина последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година на патеката Харама.
Ново на Сител
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница
-
Брзото јадење е штетно по човековото здравје
-
Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та
-
ОН: Наша мировна мисија во Украина е многу хипотетична
-
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
-
Црвениот крст почна со исплатата на средства на семејствата на починатите и повредените лица во несреќата во Кочани
-
Приведен малолетник од Куманово поради кражба
-
Уапсен екс директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми