Живот
8. July 2018 - 10:17

Евровизиски портал објави за смртта на Влатко Илиевски

ESC Bubble, европска новинска интернет страница која се занимава со Евровизија ја пренесе веста за смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски, кој во 2011. година ја претстави Македонија на тоа натпреварување со песната „Русинка".
-Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Влатко, напиша сајтот.