Евровизија ќе го тестира за дрога Дамијано Дејвид, пејачот на победничката група „Манескин“ од Италија
Евровизија ќе го тестира за дрога Дамијано Дејвид, пејачот на победничката група „Манескин“ од Италија.
– Свесни сме за шпекулациите околу видео клипот со победниците од Италија во Зелената соба, синоќа. Групата одрече дека користеле дрога и пејачот ќе направи доброволен тест кога ќе се врати дома. Тоа беше побарано од нив синоќа, но не можеше да се спроведе веднаш. Групата, нивниот менаџер и шефот на делегација нѐ информираа дека во Зелената соба немало дрога и објаснија дека била скршена чаша на нивната маса и дека пејачот ја исчистил. ЕБУ може да потврди дека скршена чаша била најдена при проверка на нивната маса. Сѐ уште ја гледаме снимката внимателно и ќе ве информираме со нови информации во догледно време – рекоа организаторите на Евровизија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?