Евростат: Зголемен бројот на вработени на ниво на ЕУ
Бројот на вработени лица се зголемил за 0,4 проценти во Европската унија и во Еврозоната во вториот квартал од оваа година, во споредба со претходниот квартал, објави денеска Европската канцеларија за статистика (Евростат).
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во првиот квартал од 2017 година, вработувањата се зголемиле за 0,5 проценти и во ЕУ и во Еврозоната, при што овие бројки се сезонски прилагодени.
Во споредба со истиот квартал од 2016 година година, вработувањата се зголемиле за 1,6 отсто во Еврозоната и за 1,5 проценти во Унијата во вториот квартал од 2017 година. Притоа, Евростат проценува дека во вториот квартал од 2017 година, 235,4 милиони мажи и жени биле вработени во Европската унија, од кои 155,6 милиони биле во Еврозоната.
Инаку, според Европската канцеларија за статистика, ова се највисоките нивоа што се забележани во двете области и овие тримесечни податоци за вработување даваат слика за голема активност на пазарот трудот во согласност со мерката за производство и приход на националните држави.
Меѓу земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци за вториот квартал од 2017 година, Малта има зголемување на вработеноста од точно еден процент. Потоа следат Шпанија со 0,9 отсто, Грција и Полска 0.8 проценти и тоа се земјите што забележаа највисока стапка на зголемување на вработеноста во споредба со претходниот квартал.
Спротивно на тоа, намалувањето на вработеноста е забележано во Хрватска од минус од 0,8 проценти, па следат Летонија (0,7), Романија (0,6) и Естонија (0,5).
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација