Европските земји ја намалуваат потрошувачката на гас
– Индустрискиот сектор во Европа започна да ја намалува побарувачката за природен гас бидејќи рекордни цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според податоците собрани од консултантската агенција со седиште во Париз, Engie EnergyScan.
Потрошувачката на гас веќе почна да опаѓа во септември, а потоа беше пет проценти помала отколку во истиот месец во 2019 година, јави Блумберг.
– Во индустрискиот сектор во Европа, постои тренд на намалена потрошувачка и побарувачка за гас, вели директорот на Engie EnergyScan, Жулиен Хоарау.
Според него, досега намалувањето на потрошувачката е најочигледно во Германија, Холандија и Велика Британија, но треба да почекаме неколку недели за да видиме дали навистина ќе биде така кога ќе се зголеми побарувачката во грејната сезона.
Непосредно пред почетокот на зимата, цените на природниот гас достигнаа рекордни нивоа. Одредени енергетски интензивни компании привремено престанаа да работат бидејќи нивното одржување станува прескапо. Кризата ги зафати и снабдувачите со енергија и влијае врз потрошувачите во Европа.
Референтниот договор за гас неодамна беше повлечен со надеж дека Русија ќе го зголеми износот на испораките. Сепак, цените на гасот се и понатаму четирипати повисоки.
Високите цени може да го забават економското закрепнување во Европа, бидејќи одредени гранки на индустријата веќе се тешко погодени, заклучи Оаро.
Ново на Сител
-

Објавувала фотографии и навреди за сопругата на нејзиниот поранешен партнер - кривична за жена од гостиварско
-

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада, која го промени името и го лажеше народот
-

Иранците поканети на национален митинг за обнова на верноста кон иранскиот лидер
-

Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
-

Силјановска-Давкова - Пармелан: Првата официјална посета на претседател на Швајцарија потврда за добриот развој на односите и силниот дијалог
-

Студентите во блокада за крајот на мај најавуваат голем митинг во Белград
-

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат
-

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија
