Европските институции го одобрија пакетот мерки за натамошно олеснување на капиталните ограничувања во Грција

Европските институции го одобрија пакетот мерки, кој беше предложен од страна на грчката Централна банка, за натамошно олеснување на капиталните ограничувања во земјата, јавија грчки медиуми.
Гувернерот на грчката централна банка Јанис Стурнарас минатата недела побара од Европската централна банка (ЕЦБ) да дозволи значително олеснување на постоечката капитална контрола во земјата.
Грчкиот предлог вклучува можност за повлекување на 840 евра на секои две седмици, за неограничено повлекување на готовина од нови влогови, чувани пари од странство, како и за укинување на забраната за гаснење заеми од блокираните сметки.
Јанис Стурнарас изјави дека по јули грчки обврзници во износ од 3,7 милијарди евра ќе можат да учествуваат во програмата за квантитативни олеснувања на ЕЦБ.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
