Европскиот совет го усвои заклучокот за Дијалогот Белград – Приштина
Во заклучоците од првиот ден од Самитот, лидерите на Еверопска Унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина, како и анексот за имплементација, што беше постигнат преку Дијалогот што го водеше високиот претставник на ЕУ.
Во заклучоците по средбата, во точката број 25, што се однесува на Белград и Приштина, е наведено дека договорот е постигнат како составен дел од нивниот европски пат. Двете страни се повикани да ги спроведат своите обврски целисходно и со добра волја.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека договорот постигнат во Охрид ќе биде составен дел на европскиот пат меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, како и оти ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Приштина.
Во Охрид, каде што на 18 март се одржа средба во рамките на Дијалогот меѓу Белград и Приштина, Борел најави дека ќе ги извести министрите за дискусиите што се воделе и дека истото ќе го стори и на Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
-

Лишени од слобода двајца тиквешани кои возеле под дејство на алкохол
-

Мицкоски: Во процесот на пристапувањето во ЕУ Македонија е жрвта на класичен булинг, се повеќе политичари во Брисел го признаваат тоа
-

Вашингтон го предупреди Брисел да не ја ограничува набавката на американско оружје
-

Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки
-

ЕЧСП го разгледува случајот „Сојуз на атеистите против Грција“
-

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса
