Европскиот совет го именуваше Жозеп Борел за шеф на европската дипломатија
Европскиот совет синоќа го именуваше министерот за надворешни работи на Шпанија Жозеп Борел за ноп шеф на европската дипломатија.
Европските медиуми пренесуваат дека членките на ЕУ и официјално го именуваа Борел за наследник на Федерика Могерини на функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Борел должноста ќе ја преземе кон крајот на октомври, се наведува во соопштението на Европскиот совет.
Советот го именуваше Борел по одобрувањето на новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
За да го обезбеди мандатот до крајот на октомври 2024 година, изборот сега треба да биде потврден и од Европскиот парламент, заедно со сите други членови на ЕК, наведуваат медиумите.
Борел во шпанската политика е од доцните 1970-ти години. Од 20024 до 2007 година тој беше претседател на Евриопскиот парламент.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ