Европски Зелени: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО
Партијата на европските Зелени срдечно го поздравија усвојувањето на Преспанскиот договор во Грција и истакнаа дека со ова Македонија е на патот да стане членка на ЕУ и НАТО.
Тие ја поздравија „храбрата политика“ на Ципрас и Заев за Преспанскиот договор како „огромен исчекор за мирот и стабилноста на Западниот Балкан“.
-Ова не е ништо помалку од историски, посочуваат европските Зелени.
Зелените потсетуваат дека овој успех е постигнат покрај „масовното руско мешање“ и „покрај огорчените националисти од двете страни на границата“.
-ЕУ мора сега да ги координира напорите за да поддржи позитивен развој. Треба да бидеме јасни: иднината на Северна Македонија се наоѓа во НАТО и ЕУ и ќе бидеме среќни да ја примиме земјата како член на евроатлантското семејство, порачаа Зелените.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари