Европски суд: „Убер“ е транспортна, а не комуникациска компанија
Европскиот суд на правдата денеска одлучи дека „Убер“ мора да се третира како транспортна, а не како комуникациска компанија, иако таа не оперира со професионални превозници.
Со ова Судот најави построго регулирање на услугите на популарната глобална компанија, која нуди евтини такси услуги што може во иднина да опфати и други компании кои работат на слични принципи.
Тоа значи дека поврзувањето на луѓето со непрофесионални возачи преку интернет апликации е дел од транспортниот систем. Аргументот на „Убер“, дека нивните услуги се „целосно дигитални“, беше отфрлен. Одлуката не може да се обжали.
„Убер“ тврдеше дека станува збор за технолошка платформа за поврзување на патниците со независни возачи и дека тие не се класична транспортна компанија која се заснова на правилата што важат за такси услугите.
- Оваа одлука нема да ги промени работите во повеќето земји на ЕУ каде што ние веќе оперираме во согласност со законите за транспорт. Сепак, милиони Европејци нема да можат да користат апликации како нашата, стои во официјалното соопштение на „Убер“.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец