Европски ден на сеќавање на Холокаустот на Ромите

Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, по повод европскиот ден на сеќавање на Холокаустот на Ромите потсети дека „денеска и им се оддава почит на илјадниците жртви“, јави дописникот на МИА.
- Пред 78 години, ноќта меѓу 2 и 3 август 1944 година, 3.000 Роми – главно жени и деца – беа убиени во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Овој масакр е суштинска епизода во историјата на холокаустот врз Ромите. Во оваа приказна, омразата, експлоатацијата и стигмата на крајот доведоа до истребување. Останува од суштинско значење да се потсетиме на овие ужасни настани за да го почитуваме споменот на жртвите и да спречиме такви злосторства да се повторат, нагласи таа.
Денес, според Марија Пејчиновиќ Буриќ ромските заедници сè уште се соочуваат со антициганизам во многу делови на нашиот континент. Тоа е специфичен облик на расизам, идеологија која се заснова на расна супериорност и чиишто манифестации се разновидни и подмолни. Според неа, Советот на Европа неуморно ја продолжува борбата против дискриминацијата, расизмот и антициганизмот.
- На пример, минатиот април нашите земји-членки усвоија Препорака за борба против говорот на омраза. Тој им дава насоки на националните власти и на клучните актери за тоа како да воведат широк опсег на правни и неправни мерки за борба против овој феномен, кој е стар, но секогаш добива нови форми, вели таа. Понатаму, паневропската организација подготвува програма за градење капацитети и алатки за спроведување на Препораката на Комитетот на министри за интегрирање на историјата на Ромите во училишните програми и наставните материјали.
- Што се однесува до нашата опсерваторија за настава по историја во Европа, таа работи за да се осигура дека ова учење се заснова на факти и исто така се занимава со историјата на Ромите и трагедиите низ кои поминале, појаснува Генералниот секретар на Советот на Европа. Надоврзувајќи се на претходните иницијативи, според Марија Пејчиновиќ Буриќ, Советот на Европа ќе продолжи да го зачувува сеќавањето на овие настани и да им помага на сегашните и идните генерации да научат за минатото.
- Но, ова не е доволно. Ние, исто така, ја браниме почитта и достоинството на Ромите, кои имаат право на тоа како и сите други, сега и секогаш, вели таа во изјавата за печатот.
Ново на Сител
-

Енергетската независност една од стратешките цели на Владата - повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
-

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност
-

Нови мерки во студентските домови: За алкохол во собите следува забрана и до пет години
-

ТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродрома опслужија речиси два милиона патници за половина година
-

Највозрасната жена која отишла во вселената, Воли Фанк почина на 87 години
-

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во Собранието
-

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
