Европската мрежа на оператори истражува како дошло до прекин на струја во регионот
Европската мрежа на оператори на преносни системи ЕНТСО-Е го истражува инцидентот што се случи деновиве во дел од системот за снабдување со електрична енергија во Југоисточна Европа, објавено е на страницата „ENTSO-E“.
Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил во Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и делумно во Хрватска.
„Загрозените оператори на мрежни системи, со поддршка од соседните оператори, по речиси два часа воспоставија нормален проток на напон со цел да го намалат влијанието на проблемот врз потрошувачите“, се наведува во соопштението.
„ЕНТСО-Е“ во моментов работи на прибирање технички податоци за прекинот на струја од засегнатите оператори и во најкраток можен рок ќе објави дополнителни информации.
Во согласност со методологијата за класификација на инциденти, Комитетот за операции на системот ќе спроведе детална истрага за инцидентот во наредните недели, со поддршка од експертски тим.
Неколку градови во Република Српска, Федерацијата Босна и Херцеговина, Црна Гора, Далмација и Албанија вчера останаа без струја поради проблеми во преносната мрежа во регионот и преоптоварување на клучните интерконективни линии.
Ново на Сител
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија