Европратеници бараат конкретни датуми за членство на балканските земји во ЕУ
На земјите од Западен Балкан треба да им понудиме разумна перспектива со конкретни датуми за прием во ЕУ, изјави романскиот европратеник Кристијан Дан Преда во расправата за напредокот на Црна Гора во Европскиот парламент.
- Треба да знаеме да одговориме на очекувањата на земјите кандидати и потенцијално кандидати од регионот. Ова важи за секоја земја од Западен Балкан која е заинтерсирана за членство, рече Преда.
Тој нагласи дека за перспективите за членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан „долго дискутирале“ со еврокомесарот за проиширување Јоханес Хан и високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
- Да се ветува една несигурна иднина не е решение. Стратегијата на Комисијата мора да се промени, ако сакаме да ги зачуваме блиску до нас народите од Западен Балкан, бидејќи Турците и Русите се тука и тие се серизона конкуренција, нагласи Преда.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло