Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

Групата „Европска народна партија – Европски демократи“ во Европскиот парламент ја повика Европската комисија да реагира на тековните настани во Србија.
– Во Србија мирни демонстранти, вклучително и студенти и малолетници, се тепани, апсени и заплашувани. Нашиот генерален секретар Сандро Гози ја повика ЕК да реагира. Европската Унија не смее да си ги затвора очите – потребна е цврста позиција, со конкретни последици за пристапниот процес на Србија – објави групата на својот профил на „Икс“.
Во објавата се нагласува дека Србија мора да ги почитува основните човекови права доколку сака да стане членка на ЕУ.
– Владеењето на правото не е опционално – се додава.
По трагедијата во Нови Сад минатата година, кога на железничката станица загинаа 16 лица, низ целата земја избувнаа протести. Студенти блокираа повеќе од 60 факултети и станаа предводници на демонстрациите, обвинувајќи го владиниот врв за корупција и непотизам. Последните денови дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што се уапсени стотици лица.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
