Европол: Во Шпанија запленети 17 тони храна заразени со листерија
Шпанската цивилна гарда со поддршка на Европол изврши акција поврзана за продажба на прехрамбени производи, кои биле заразени со бактерија листерија, при што се уапсени шест, а притворени две лица.
Иако одговорните знаеле дека повеќето производи содржат листерија уште од минатата година, тие не ги информирале властите за тоа и продолжиле со продажбата, соопшти Европол.
Производите се спалени во шпанскиот пристаништен град Кадис.
Истрагите откриле дека најмалку три лица, одговорни за производите, знаеле дека серијата од декември 2018 година била заразена со листерија, но за тоа молчеле.
Официјални претставници потврдија дека месните производи на компанијата, која ја истражувале, биле причина за првата епидемија откриена минатиот август во Севиља. Се претпоставува дека 193 лица се заразиле од листерија.
Иако компанијата, која ги продавала заразените производи, главно работела во Шпанија, се верува дека биле заразени уште неколку луѓе во други европски земји: четири члена на едно германско семејство и еден британски државјанин во Франција.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?