Европол: Регистриран пораст на хакерски програми во банкоматите
Европската полиција (Европол) предупреди дека регистирала значителен пораст на бројот на хакерски програми во системите на банкоматите, кои може да ги доведат во опасност сите кросиници на овие апарати.
Според Европол, хакерите изработиле посебни софистицрани програми со кои „провалуваат“ во банкоматите, па затоа повеќе не мораат да ги користат традиционалните методи за кражба на пари.
- Нападите врз софтверскиот дел на банкоматите преставуваат се поголема закана. Центарот за компјутерски криминал на Европол веќе учествуваше во неколку истраги заедно со националните полиции, изјави претставникот на Европол, Стивен Вилсон.
Тој побара од информатичко-технолошките компании и фирмите за кибер безбедност поинтензивно да соработуваат со истражните органи со цел со заеднички средства да дојдат „еден чекор пред кибер криминалците“.
Во светот постојат над три милиони банкомати од кои годишно се подигнуваат околу 8,6 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци