Европол: Откриена „подземна“ банка преку која наркобанда испрала 180 милиони евра
Европол соопшти дека во заедничка акција со белгиската и шпанската полиција откриен е сложен и професионален систем за перење пари преку поморските и воздушните пристаништа во ЕУ. Преку „подземната“ банка криминалците успеале да исперат 180 милиони евра добиени од илегална трговија со кокаин.
Криминалната група ја сочинувале марокански, шпански и белгиски државјани, а биле активни во Белгија, Холандија, Шпанија, Јужна Америка и Дубаи.
Во акцијата спроведена во март уапсени се пет лица во Белгија, еден во Шпанија, запленети се 1,2 милиони евра во криптовалути, одземени се три недвиќни имоти, како и 50.000 евра во кеш, еден луксузен автомобил, 23 мобилни телефони и накит.
Истрагата почнала во октомври 2021 година, по анализата на дешифрирани пораки, за голема група која шверцувала големи количества кокаин од различни јужноамерикански пристаништа до неколку поморски и воздушни пристаништа во Европа.
- Криминалната група успеа да увезе неколку тони кокаин и да го продаде за огромен профит. Користејќи професионален и флексибилен пристап, вклучувајќи методи како што е употребата на тајни компании, криминалците успеаја да ги избегнуваат властите со месеци, се наведува во соопштението на Европол.
Ново на Сител
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти