Европејците трошат 428 милијарди евра за одмор, Македонците во чекор со државите од регионот

Европејците на туристички патувања годишно вкупно трошат 428 милијарди евра, најмногу Германците 120 милијарди, Французите 71 и Британците 61 милијарда.
Најмногу пари за одмор по жител, пак, трошат граѓаните на Луксембург, Малта и Австрија, покажуваат податоците на „Еуростат“, пренесува МИА.
Луксембуржаните трошат во просек по 768 евра за туристички патувања, жителите на Малта по 646 евра и Австријците по 607 евра.

Најмалку пари за одмор од семејниот буџет одвојуваат Литванците, само 107 евра, потоа Романците 125 евра и граѓаните на Чешка 129 евра.
Македонците не отстапуваат многу во однос на државите од регионот. Според последните објавени податоци на Државниот завод за статистика, Македонците трошат дневно по 20 евра за годишен одмор кој во просек трае 11 дена. Интересен е податокот дека 75 проценти од Македонците не биле на одмор, а од оние 25 проценти кои одат на одмор, 60 проценти патуваат во странство.
Повеќе од Македонците за туристички патувања трошат Грците (316 евра) и Хрватите (224 евра), а помалку Словенците (213 евра) и Бугарите (157 евра).
Ново на Сител
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
-

Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
-

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без возачка дозвола
