-->
-->
Евролига: Локо и Барса ќе играат „мајсторка“ во Кубан
-->

Рускиот тим Локомотив Кубан избори „мајсторка“ против Барселона, која ќе ја игра на домашен тере, откако славеше во четвртиот меч од четвртфиналната серија. Рускиот тим во „Балуграна“ победи славеше во продолжението со 92:80, откако мечот во регуларниот дел заврши 78:78.
Локомотив, во Барселона, го одигра најдобриот меч во Евролигата оваа сезона. Рускиот тим водеше речиси во текот на целиот меч, а Барселона среќно во пенал завршницата успеа да избори продолжение. Наваро погоди тежок шут за два поени на 2,9 секунди до истекот на времето, откако претходно Рендолф погоди само едно од двете слободни фрлања.
Она што го пропушти во регуларниот дел од мечот, Рендолф го надополни во продолжението постигнувајќи десет (девет тројки) од 14-те поени на Локомотив.
Рендолф мечот го завршши со 28 поени, седум скока и две асистенции,а помош доби од шпанскиот репрезентативец Клавер кој забележа „дабл дабл“ од 7 поени и 10 скокови.
Ветеранот Наваро со 19 и Томиќ со 18 поени беа најефикасни во редовите на Барселона.
Решавачкиот меч кој ќе по кој ќе биде познат последниот патник на завршниот турнир во Берлин ќе се одигра на 26.април.
Пласман на завршниот турнир веќе изборија Фенербахче, Лаборал Куча и ЦСКА Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Опен-АИ“: ВИ самостојно хакирала друга компанија
-

Царинска управа: Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје
-

ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
-

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираното одделение за Трауматологија во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Во Штип наврнале 18 литри дожд на квадратен метар, денеска услови за невреме и град
-

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон
-

УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
